Судир на ТИТАНИТЕ: Јокиќ, Лука, Јанис…заедно против Американците?!

81
ФОТО: NBA.COM

НБА во последните години постојано експериментира со форматот на Ол-стар натпреварот и се чини дека се подготвува нова промена.

Според Шамс Чаранија од ESPN, лигата размислува да воведе турнир во кој три екипи би се натпреварувале за да го одредат победникот, пишува cbssports.com.
Ова би била втора година по ред НБА да го промени концептот, откако минатата сезона се обиде со сличен мини-турнир со четири екипи, од кои едниот беше победничкиот тим на предизвикот Rising Stars Challengea . Овој пат, сепак, лигата го елиминира учеството на составот на Rising Stars Challengea, а наместо тоа воведува два американски тима и еден светски тим, што има за цел да ги истакне сите меѓународни таленти што играат во лигата.

Форматот бил презентиран на Комитетот за натпревари во среда и, според Чаранија, доби позитивен одговор.

Иако новиот концепт не е драстично различен, клучната промена е усвојувањето на форматот САД – Свет, нешто за кое навивачите бараат во последните години.
Треба да биде мини-турнир со само осум играчи по тим, кој ќе се игра во кружен формат. Доколку сите се здрави, Светскиот тим би можел да го предводат Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Антетокумпо, а тоа се само најголемите имиња. Од друга страна, американските тимови ќе имаат многу поширок избор на играчи.
Целосните детали ќе бидат објавени пред натпреварот на ѕвездите на 15 февруари во Лос Анџелес. Овој потег покажува дека лигата е подготвена да ги разгледа сите опции за повторно да го направи настанот возбудлив за гледачите.

ПретходноЌе игра за Ал Рајан, ама ќе го плаќа и Ал Хилал!
СледноРистовски: Добар меч против С.Арабија како најава за оној против Лихтенштајн