Со фантастичен погодок, можеби и најубавиот кој некој наш фудбалер го постигнал во репрезентативниот дрес, Александар Трајковски денеска го отвори резултатот на пријателскиот меч со Саудиска Арабија. Сепак, до крајот противникот направи пресврт и дојде до победа. По мечот Трајковски со свој коментар за дуелот во Прага:
„Индивидуално за мене, дадов прекрасен гол и среќен сум за тоа, но резултатот ми е поважен затоа што сите играме како тим. Ова беше тест за нас пред Лихтенштајн, имавме тежок меч, ривалот ги искористи двете наши грешки и ни даде два гола, а јас како по секој меч гледам да ги извлечам позитивните работи и да ги пренесеме на следниот дуел. Ние немавме десет меча пораз, но нема потреба да паѓаме, фудбалот е таков. Мора да извадиме поука и да се спремиме добро за Лихтенштајн со кого играме за важни три бода.“