Трајков: Овој квалификациски циклус е прав момент да покажеме што можеме

54

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година, утре во Краков, Полска, со почеток од 18:00 часот ќе го стартува новиот квалификациски циклус против домашната репрезентација.

Нашите репрезентативци веќе втор ден се во Полска, каде што денеска ќе го имаат и официјалниот тренинг пред утрешниот дуел.

Околу очекувањата и нашите амбиции за овој меч, но и околу целиот циклус свое мислење дава Димитар Трајков.

„Очекуваме еден тежок, но возбудлив циклус. Сите во тимот сме максимално мотивирани и подготвени да дадеме сè од себе. Имаме јасна цел – да се бориме за пласман и да покажеме дека Македонија има квалитетна млада генерација. Контролните натпревари беа многу корисни. Стручниот штаб направи добра анализа, работевме на детали, и мислам дека покажавме напредок. Секако, има работи што можат да се подобрат, но генерално – атмосферата и ангажманот беа на високо ниво. Станува збор за силни репрезентации со квалитетни играчи, особено Италија, која секогаш има силна У21 селекција. Но и ние имаме што да понудиме. Ќе им пристапиме максимално сериозно, со дисциплина и самодоверба. Се подготвуваме тактички и веруваме дека можеме да изненадиме. Атмосферата во репрезентацијта е одлична и на високо ниво.Селекторот и неговиот стручен штаб ни помагаат во тоа и сите се чувствуваме како едно семејство.Повеќето од играчите сме долг период заедно и тоа ни дава можност да се поддржуваме меѓу себе и добро да функционираме и на терен и надвор од него. Сите знаеме дека европските натпревари се потешки и позахтевни.Ако сакаме да стигнеме до позитивен резултат сите мора да дадеме повеќе од нашиот максимум“ – изјави Трајков.

ПретходноЃорческа со пласман во полуфиналето во Романија
СледноПокетино: Никогаш, ама баш никогаш нема да бидам тренер на Барселона!