Ѓорческа со пласман во полуфиналето во Романија

20

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е полуфиналист на фјучерс турнирот кој што се одржува во Слобозија, Романија.

Таа во четвртфиналето беше подобра од претставничката на Хрватска, Чириќ Багариќ со 1:2, и се пласира во самата завршница на турнирот.

Самиот меч за нашата тенисерка стартуваше многу лошо, со загубен прв сет од 6:1, за да потоа Ѓорческа направи комплетен пресврт. Во вториот и третиот сет загуби само еден гем, и ги доби со 6:1, и 6:0.

 

ПретходноРистовски: Добар меч против С.Арабија како најава за оној против Лихтенштајн
СледноТрајков: Овој квалификациски циклус е прав момент да покажеме што можеме