Иако цело лето инсистираа на негова продажба, сега од италијански Јувентус не ја исклучуваат можноста за продолжување на договорот со Душан Влаховиќ.
Останувајќи во тимот, Србинот постигна голови во двете кола од Серија А, влегувајќи како замена.
„Никој во Јуве никогаш не го довел во прашање потенцијалот на играчот, но клубот не би сакал да го загуби бесплатно доколку си замине следното лето“, пишува „Газета дело Спорт“.
Во моментов не е донесена одлука за продолжување на договорот, но оваа можност не е исклучена.