И покрај шпекулациите за интересот на одредени европски клубови како што се Лидс во Англија и Фенербахче во Турција, Александар Митровиќ одлучи да ја продолжи кариерата на Блискиот Исток. Капитенот на српската репрезентација наскоро официјално треба да стане нов фудбалер на Ал Рајан, клубот кој ја зазеде петтата позиција на табелата во последната сезона од шампионатот на Катар.
Ал Рајан го води од клупата португалскиот тренер Артур Жорж. Интересен е финансискиот аспект на новиот договор на „Митрогол“.
Медиумите во Катар објавуваат дека Србинот ќе заработува вкупно 16.000.000 евра за една година, но дека Ал Рајан нема да ја плаќа целата сума.
Имено, за Ал Хилал да се ослободи од Митровиќ, тие се согласиле да му платат 10.000.000 евра, додека преостанатите 6.000.000 ќе ги платат Катарците.
Вкупно, значи, 16.000.000 евра за една година, што Митровиќ тешко би ги добил Европа.