Е. Пелистер со победа над Бутел го отвори домашното првенство

99

По неполни 24 часа од освојувањето на Суперкупот, ракометарите на Е. Пелистер со победа ја отворија и новата сезона во домашното ракометно првенство. Попладнево на гостувањето кај Бутел, битолчани не се испотија премногу за да ја запишат првата сезонака победа, славејќи со 20:29.

На барање на Бутел мечот се одигра порано, затоа што скопскиот тим утре патува за Луксембург на првиот меч од ЕХФ Купот.

Петар Атанасијевиќ со 10 гола го предводеше битолскиот состав. Кај Бутел најефикасен беше Узунчев со 4 погодоци, а толку имаше и Михајловиќ.

ПретходноТрајковски: Ова беше тежок меч од кој мора да извадиме поука
СледноФит Фан Волеј ги доби ривалите за БВА Купот 2025