ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ПОДДРШКА ЗА КОНЦЕРТОТ НА АНСАМБЛОТ NO BORDERS ORCHESTRA

16

Јазикот на културата обединува – тоа вечерва, 05.09.2025 година, ќе може да го почувствува и македонската публика на премиерниот настап на No Borders Orchestra во Камерната сала на Македонската филхармонија, со почеток во 20 часот.

Ансамблот, составен од музичари од поранешните југословенски републики, веќе една деценија го промовира единството во различноста, надминувајќи етнички, религиозни и национални поделби преку моќта на музиката. No Borders Orchestra е добитник на наградата „Шампион на регионална соработка“ именувана по д-р Ерхард Бусек, а нивното прво издание за етикетата Deutsche Grammophon сведочи за уметничкиот квалитет на ансамблот. Настапот во Скопје е дел од нивната турнеја Turning Point.

Видеолотарија Касинос Австрија со задоволство ја прифати можноста да го поддржи овој значаен културен настан, потврдувајќи ја својата заложба за унапредување на културниот живот во Македонија. Поддршката на уметноста и културата е важен дел од нашата корпоративна стратегија, насочена кон инспирација, духовност и заедништво во општеството.

ПретходноСредба на српските селектори во Рига: Пикси му подари орасници и пита со вишна на Пешиќ (ВИДЕО)
СледноУ21: Денеска во Краков почнува новиот циклус квалификации за младите фудбалери