Пет млади фудбалери на Луксембург повредени во сообраќајка во Франција

51
фото: Luxembourg Football (X)

Пет играчи од младинската фудбалска репрезентацијата на Луксембург до 21 година се хоспитализирани по сообраќајна несреќа во северозападна Франција.

Според Фудбалската федерација на Луксембург момчињата поминале со полесни повреди и биле префрлени во болница како превентивна мерка. Тие патувале за квалификациски натпревар со Франција, а инцидентот се случил поради тоа што му се слошило на возачот на автобусот. Натпреварот требаше да се одржи денес, но беше презакажан за 23 октомври од страна на УЕФА.

ПретходноФФМ организираше претквалификации за СП за избор на двајца македонски претставници во eFootball
СледноПилотот со 8 Гран при победи во Ф1 оди во пензија