Романскиот судија Хоратиу Фешник ќе биде на центарот во Скопје за неделниот квалификациски натпревар на нашата фудбалска репрезентација против селекцијата на Лихтенштајн.
35-годишниот Фешник за првпат ќе и суди на една македонска репрезентација.
Помошни судии ќе бидат Валентин Аврам и Александру Кереи, а и четвртиот судија доаѓа од Романија, Мариан Барбу. Во ВАР собата ќе работи искусниот романски арбитар Хатеган.