Еден од најуспешните клубови на женската кошаркарска сцена кај нас, екипата на Бадел 1862 денеска се пофали со потпис на две сестри.
Станува збор за Ива Чолакоска која се враќа во македонската кошарка по собраното искуство од колеџ лигата во САД и Јана Чолакоска која потпишува прв сениорски договор со Бадел 1862. Јана минатата сезона беше предводник на тимот во конкуренција под 18 години.