ФИФА прави измени во репрезентативните квалификациски термини

75

Светската кровна фудбалска институција, ФИФА, од следната сезона планира да направи измени во календарот на натпреварувања. Поточно, во репрезентативците квалификациски прозорци кои се косат со националните шампионати, кои трпат паузи за време на истите.

Па така, според ФИФА сегашните термини септември, октомври, од 2026 година, ќе бидат споени во една, со по четири натпревари, наместо сегашните два. Следната година, периодот ќе биде помеѓу 21 септември и 6 октомври. Ова значи дека помеѓу овие датуми, националните првенства нема да се играат два последователни викенди. Целта е да се намалат прекините во текот на сезоната.

Ноемврискиот прозорец за вакви натпревари останува непроменет, како и паузите во март и јуни. 

ПретходноЧудото стана реалност: Бенасер претставен во дресот на Динамо
СледноПикфорд уште долго ќе биде дел од Евертон