Фудбалската федерација на Македонија на платото пред „Куќа на фудбалот“ организираше предквалификациски турнир во eFootball на кои се избираа претставници на македонската репрезентација за следната фаза за пласман на СП во Саудиска Арабија. На турниот кој беше пренесуван преку live stream на Twitch учествуваа 12 тимови. Најуспешни беа Ташко Илијев и Антонио Стефановски, кои обезбедија место како претставници на Македонија на регионални online квалификации за Светското првенство во eFootball.
Сите земји што учествуваат во ова натпреварување во eFootball ќе можат да се квалификуваат за финалниот турнир кој ќе се игра во Саудиска Арабија. eFootball го играат десетици милиони луѓе низ целиот свет. Како Фудбалска федерација на Македонија им даваме можност на натпреварувачите да ја претставуваат нашата држава на големата сцена.
Раст на популарноста на е-фудбалот во последните неколку години е огромен, а претстојните регионални турнири ќе бидат можност за поврзување со нови и постоечки фудбалски фанови. Секоја национална асоцијација на eFootball првенството во Саудиска Арабија ќе претставува тим од два до четири играчи. Македонските претставници се избрани преку претквалификација.