Некогашниот младински репрезентативец на Македонија, Агрон Руфати ја продолжува својата кариера во Словенија. Поточно во тимот на Горица, во второлигашката конкуренцина на оваа земја.
Некогашниот младинец на Динамо Загреб, промени доста клубови во својата кариера. Играше и во домашниот шампионат во тимот на Академија Пандев. Покрај Хрватска, каде што е израснат, Руфати играше и во Украина, Романија, а последно беше дел од албанскиот тим Динамо Сити.