Висок пораз на Македонија во Полска (ВИДЕО)

253

Македонската репрезентација до 21. Година на лош начин ги започна квалификациите за следниот ефропски самит. Нашиот национален тим на гостувањето кај Полска, во рамките од првото коло предмалку загуби со високи и убедливи 3:0, во дуел во кој противникот тотално не надигра во сите аспекти на играта.

Македонија не се снајде најдобро на овој меч, и по само 22. Минута игра губевме со 1:0. Акцијата од лево, доведе до тоа да има нафрлување ниско по земја, а Зенделоски во обид да реагира дефанзивно, си постигна автогол. Имавме некакви обиди на противничката половина но далеку бевме од некое сериозно загрозување на противничкиот гол.

Во вториот дел, во 66. Минута Регула поведе еден молњевит контра напад по лево, и од петнаесетина метри прецизно погоди во спротивниот агол на голот на Џеков.

Само две минути подоцна во реиси идентична ситуација, Пиенко, со вистински евро гол погоди во горниот агол од голот на Џеков и тоа веќе беше 3:0 за противникот.

До крајот, Македонија немаше веќе ниту сила ниту концентрација за нешто повеќе пред противничкиот гол.

Второто коло е шанса за наша рехабилитација, а ја пречекуваме репрезентацијата на Италија во Битола, на 9 септември.

 

Полска – Македонија 3:0 (1:0)

Стадион во Краков

Стрелци: Зенделовски (аг) 22, Регула 66, Пиенко 68 (П)

Македонија: Џеков, Џеков, Мелиќи, Даилоски, Данев, Меметриза, Зенделовски (Николовски 72), Ангелов, Стојанов (Талевски 38), Гаштаров, Трајков(Елмас 90)

 

ТАбела:

 

1.Полска 3

2. Шведска 3

3. Италија –

4.Црна Гора –

5. Македонија 0

6. Ерменија 0

youtube.com/watch?feature=shared&v=8WOxJz6EBvQ

 

youtube.com/watch?feature=shared&v=gNPctBeAR94

 

ПретходноВардар сигурен на стартот на сезоната против Струга
СледноМато ја води Уганда кон Мундијалот (ВИДЕО)