По вчерашниот феноменален гол на мечот со Саудиска Арабија во Прага, еден од најискусните македонски репрезентативци, Александар Трајковски денеска го прослави својот 33-роденден.
Нашиот голгетер со своите најблиски го прослави својот ден, а веќе в недела очекуваме продолжение на неговата голгетерска низа и на мечот со Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство 2026.