Парагвајската репрезентација ремизираше 0:0 со Еквадор дома и тоа беше доволно за да се квалификува на Светското првенство како шеста екипа од Јужна Америка.
Парагвајците имаа корист и од поразот на Венецуела од Аргентина со 3:0.
Така, Венецуела остана на седмата позиција и во последното коло ќе се бори со Боливија за пласман во меѓуконтиненталниот плејоф.
Венецуела има 18, а Боливија 17 бода. Во последното коло, Боливија го пречекува Бразил, додека Венецуела ќе биде домаќин на Колумбија, па тешки натпревари за двете селекции, а последното коло од осминафиналето ќе се игра на 10 септември.
Селекциите на Перу и Чиле останаа без шанса за квалификација на Светското првенство. Перу беше поразен од Уругвај со резултат од 3:0 и со тоа ги загуби математичките шанси да се бори за плејофот во последното коло.
Пред Парагвај, квалификацијата на Светското првенство од Јужна Америка ја обезбедија репрезентациите на Аргентина, Бразил, Уругвај и Еквадор, додека Колумбија исто така ги отстрани и најмалите грижи со синоќешниот триумф против Боливија со резултат од 3:0.
Значи, од Јужна Америка, на Светското првенство во 2026 година одат: Аргентина, Бразил, Уругвај, Еквадор, Колумбија и Парагвај, додека Венецуела и Боливија ќе се борат за место што води до Интерконтиненталниот плејоф во последното коло од квалификациите.
Резултати: Колумбија – Бразил 3:0, Парагвај – Еквадор 0:0, Уругвај – Перу 3:0, Бразил – Чиле 3:0, Аргентина – Венецуеал 3-0.