РК Алкалоид е во исчекување на реваншот против бундеслигашот РК Хановер-Бургдорф во рамки на квалификациите во Европската лига на ЕХФ. Првиот меч од битката за место во групната фаза заврши со победа бундеслигашот (37:27) и момците на тренерот Кирил Лазаров се пред мисија да се надополни тој минус, за место во групната фаза.
На утрешниот меч, кој се игра во салата „Автокоманда“ (19:30 часот), Алкалоид ќе го добие пехарот од ЕХФ Европскиот Куп. Ракометарите посакуваат полни трибини за подобар исход од првиот меч.
„Имавме екипно лош ден и технички грешки, сега ни следи реваншот. Се што ни останува е да дадеме 100 отсто од себе на терен и евентуално ако ни се даде шанса, да бидеме подобри од претходно и да го чекаме исходот. Ја повикувам публиката да ни даде поддршка“, изјави Валентин Карасманакис.