Екипата на Пелистер предмалку го промовираше за нов член Петар Петковски, некогашниот младински репрезентативец на Македонија. Членот на екипите на Македонија ЃП, на Вардар, на РАботнички и македонски интернационалец, се враќа во домашниот шампионат, како член на битолскиот прволигаш, кој што осетно се засилува во напаѓачките редови на крајот од преодниот рок.
Петковски своевремено беше еден од најталентираните млади напаѓачи во Македонија. Беше капитен на нашите младински селекции за кои забележа преку триесет настапи.