Поранешната ѕвезда на Челзи, Вилијан, си најде нов клуб. Крилниот напаѓач е пред враќање во Бразил.
37-годишниот играч ќе потпише за Гремио. Како што објави „Атлетик“, потписот на ветеранот со тимот од Порто Алегре е завршена работа. Вилијан е без клуб од почетокот на јули, но неодамна имаше понуди од МЛС и Блискиот Исток. Сепак, поранешниот репрезентативец на Бразил одлучи да се врати дома.