ФИБА направи нова ранкинг листа пред стартот на осминафиналните битки на Европското првенство. Србија повеќе не е на првото место во поредокот од 10 репрезентации.
На врвот се најде Германија која заврши со перфектен скор во групната фаза и во Рига се очекува да продолжи во ист ритам, таму ќе се сретне со Португалија. На второто место е Турција која доби четири бода, а ФИБА потенцира: Ве предупредивме за овие момци. Оваа селекција ќе игра против Шведска за место во 1/4 финалето.
Србија е на третото место, причината е Богдан Богдановиќ, кој се повреди и нема да може да му помогне на тимот.
Во продолжение следат Грција, Франција, Италија, Литванија, Летонија, Полска и Словенија.