29-годишниот офанзивен играч за врска Дамир Имери од денеска е ново засилување за екипата на Работнички. Тимот од Дебар Маало го објави договорот на досегашниот фудбалер на Шкупи.
Имери е поранешен младински репрезентативец на Македонија кој има и долгогодишно интернационално искуство. Тој настапуваше во Казахстан, Албанија, Украина, Малта и за голем број екипи во нашава земја.