Романецот Фешник на центарот за мечот со Лихтенштајн в недела

26
фото: Law 5 - The Ref (X)

Романскиот судија Хоратиу Фешник ќе биде на центарот во Скопје за неделниот квалификациски натпревар на нашата фудбалска репрезентација против селекцијата на Лихтенштајн.

35-годишниот Фешник за првпат ќе и суди на една македонска репрезентација.

Помошни судии ќе бидат Валентин Аврам и Александру Кереи, а и четвртиот судија доаѓа од Романија, Мариан Барбу. Во ВАР собата ќе работи искусниот романски арбитар Хатеган.

ПретходноУ21: Денеска во Краков почнува новиот циклус квалификации за младите фудбалери
СледноВчера даде евро-гол, денеска го прослави својот 33. роденден