Сабаленка ги расипа плановите на УС Опен: Не сакаа Белорусинка во финале, ама…(ВИДЕО)

125
Фото: УС Опен Твитер

Арина Сабаленка и Аманда Анисимова ќе го играат финалето на УС Опен годинава. Двете имаа тешки мечеви во кои го загубија првиот сет, но успеаја да победат и сега тргнуваат по трофејот. Арина ја брани титулата од минатата година, додека за Анисимова ова е второ финале во кариерата. Првото го играше на Вимблдон и го загуби без освоен гем од Ига Швјонтек.

Сабаленка спречи американско финале откако во своето полуфинале ја совлада Џесика Пегула со 4:6, 6:3, 6:4. Можеше тоа да заврши и во два сета, но откако направи брејк за водство од 4:2, Арина двапати го загуби својот сервис и мораше по потешкиот пат. Сепак, не ѝ остави никаква шанса на ривалката за пресврт.

Во второто полуфинале Анисимова ја совлада Наоми Осака со 6:7, 7:6, 6:3 во голема драма по три часа тенис.

Што се однесува до ВТА-листата, Сабаленка по УС Опен убедливо ќе биде прва, а Анисимова ќе скокне на петтото место. Нивното финале ќе се игра во сабота, а пред тоа ќе се одиграат машките полуфиналиња.

ПретходноЛука Дончиќ влезе во историјата – „Господин 1100“
СледноДрамата во Јужна Америка заврши: Познати се сите учесници на СП, останува една непознаница