Чудото стана реалност: Бенасер претставен во дресот на Динамо

67
FOTO GNK DINAMO

Финишот на преодниот рок во Европа го донесе можеби еден од најчудните и најнеочекуваните трансфер во поново време. Звездата на тимот на Милан, интернационалецот од Алжир, Исмаел Бенасер пристигна на позајмица во Загреб, поточно во тимот на Динамо.

Откако стана јасно дека ни есенва за него нема место на Сан Сиро, тој одлучи повторно да замине некаде на позајмица, а тоа го искористи Динамо, и неговиот прв човек Збонимир Бобан. Неговиот статус на икона во Милано, очигледно дека имаше голем удел во сето ова, па Бенасер се најде на Максимир. Огромната плата која што тој ја зема, секако дека нема да падне целата на товар на „Модрите“ туку тие само ќе плаќаат дел од сумата, додека Милан ќе го понесе повторно најголемиот товар.

 

ПретходноПрекин на натпревар во Танзанија поради напад од пчели!? (ВИДЕО)
СледноФИФА прави измени во репрезентативните квалификациски термини