Кевин Брејси Дејвис е нов кошаркар на Пелистер. Како што потврдија од клубот, „зелено-белите“ потпишаа едногодишен договор со новото американско засилување.
Брејси-Дејвис е крилен кошаркар висок 201 сантиметари има 30 години и богато искуство во најразлични држави во Европа (Германија, Франција, Финска, Грција). Пред една сезона тој беше меѓу најзаслужните за титулата на Трепча во шампионатот на Косово, а лани со голем успех настапуваше и во Израел, каде имаше просек од 18,3 поени, 4,8 скокови и 2,3 асистенции по натпревар.
Брејси Дејвис е третото странско засилување за КК Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ и Остин Прајс.