Вардар сигурен на стартот на сезоната против Струга

183

Екипата на Вардар на стартот на новата ракометна сезона во домашниот шампионат  успеа да слави на гостувањето кај тимот на Струга со конечни 25-38, и на тој начин да ја оправда улогата на овој дуел. „Црвено – црниот“ состав на вистинскиот начин се опорави од поразот во вечното дерби против Пелистер одиграно во рамките на Супер купот на Македонија.

Домаќинот на овој меч парираше колку што можеше во првите минути од мечот, а потоа истиот замина во реалниот правец. На полувреме Вардар водеше со 11-20, по што рутински го приврши дуелот.

Најефикасен ракометар кај победничкиот тим беше Кавада Харуки кој постигна девет голови од 11 обиди, а пет гола постигна Ален Ќосевски. Кај Струга најефикасен беше Стефан Андоновски кој запиша седум голови.

ПретходноПелистер посилен за Петар Петковски
СледноВисок пораз на Македонија во Полска (ВИДЕО)