Фудбалерот на челзи, Естевао стана најмладиот стрелец на гол за репрезентација на Бразил на официјален натпревар, по легендарниот Пеле.
Напаѓачот на лондонските „сини“ го отвори резултатот на мечот со Чиле со гол за 1:0. Естевао сега има 18 години и 4 месеци. Пеле останува најмладиот во историјата на бразилската репрезентација, затоа што постигна два гола на 17 години и 7 месеци во финалето на Светското првенство против Шведска (5:2).
Вреди да се напомене дека Ендрик (17 години, 8 месеци и 3 дена), Роналдо (17 години, 7 месеци, 12 дена) и Еду (16 години, 10 месеци, 2 дена) постигнаа голови на помлада возраст, но само на пријателски натпревари.