Светските медиуми туку што ја објавија веста дека тренерот на ПСЖ, Луис Енрике доживеал пад од велосипед при што ја скршил клучната коска. Клубот веќе има офоцијална објава во која се вели дека Енрике бил веднаш пренесен во болница и дека ќе биде подложен на операција.
Луис Енрике инаку е познат како страствен велосипедист, и многу често во јавноста излегуваат фотографии како се вози на ова превозно средство.
Подетални информации околу неговата состојба ќе има веројатно изутрина.