Пет играчи од младинската фудбалска репрезентацијата на Луксембург до 21 година се хоспитализирани по сообраќајна несреќа во северозападна Франција.
Според Фудбалската федерација на Луксембург момчињата поминале со полесни повреди и биле префрлени во болница како превентивна мерка. Тие патувале за квалификациски натпревар со Франција, а инцидентот се случил поради тоа што му се слошило на возачот на автобусот. Натпреварот требаше да се одржи денес, но беше презакажан за 23 октомври од страна на УЕФА.