Платата на Џордан од 1998 година денеска би ги урнала сите рекорди во НБА-лига

202

Мјкл Џордан не е само најголемиот кошаркар на сите времиња, туку и еден од најголемите бизнис-умови во историјата на спортот. Од почетокот на кариерата беше насочен кон максимизирање на заработката, а за тоа како со договорот со „Најк“ засекогаш го промени спортот е снимен и филмот „Air“ со Бен Афлек и Мет Дејмон, пишува GiveMeSport.

Легендарниот бек-шутер е еден од најпрепознатливите спортисти во историјата, а за време на кариерата ги претвори Чикаго Булс од тим без титула во една од најголемите династии, освојувајќи шест шампионати во осум години. За своите исклучителни успеси, беше и одлично платен.

Кон крајот на кариерата, Џордан имаше една од највисоките плати во НБА лигата. Иако тој износ денес, со постојаниот раст на платите, може да изгледа мал во споредба со заработките дури и на просечните играчи, во тоа време тоа беше астрономска бројка. Приспособена на инфлација, неговата плата и денес би била рекордна.

Во сезоната 1997/98, позната како „Последниот танц“, Џордан и Булси го освоија третиот последователен НБА трофеј. Тоа беше врвот на неговата неверојатна ера во Чикаго, по која привремено се повлече. Иако беше при крајот на кариерата, и понатаму доминираше во лигата со просек од 28,7 поени по натпревар.

За тие настапи беше кралски платен. Според податоците на Basketball Reference, Ем-Џеј таа сезона заработил нешто повеќе од 33 милиони долари. Тоа беше три милиони повеќе од претходната сезона и дури 30 милиони повеќе од било која друга година во неговата кариера. Беше далеку најплатен играч во лигата, но вистинската вредност на тој износ се гледа дури кога ќе се приспособи на инфлација.

Вредноста на платата денес

Кога платата на Џордан од 33 милиони долари во 1998 година се приспособи на денешната вредност, се доаѓа до неверојатен износ од 65.019.257 долари. Таа бројка и денес, доколку играше, ќе го направеше најплатениот играч во НБА.

За споредба, моментално во лигата најмногу заработува Стеф Кари, минатата сезона инкасира 55,7 милиони долари, а во претстојната неговата плата ќе изнесува нешто помалку од 60 милиони долари. Иако Кари со своите вештини ја трансформираше лигата и ги водеше Вориорс до титули, неговата заработка не е ни блиску до она што би вредела платата на Џордан денес.

Сезона 2025/2026 (највисоки плати)

  • Стеф Кари (Голден Стејт Вориорс) – 59,6 милиони долари

  • Џоел Ембид (Филаделфија 76ерс) – 55,2 милиони долари

  • Никола Јокиќ (Денвер Нагетс) – 55,2 милиони долари

  • Кевин Дурант (Хјустон Рокетс) – 54,7 милиони долари

  • Џејсон Тејтум (Бостон Селтикс) – 54,1 милиони долари

ПретходноЕстевао стана најмладиот стрелец за Бразил по легендарниот Пеле
СледноФФМ организираше претквалификации за СП за избор на двајца македонски претставници во eFootball