Поранешната ѕвезда на Челзи потпишува за Гремио

36

Поранешната ѕвезда на Челзи, Вилијан, си најде нов клуб. Крилниот напаѓач е пред враќање во Бразил.

37-годишниот играч ќе потпише за Гремио. Како што објави „Атлетик“, потписот на ветеранот со тимот од Порто Алегре е завршена работа. Вилијан е без клуб од почетокот на јули, но неодамна имаше понуди од МЛС и Блискиот Исток. Сепак, поранешниот репрезентативец на Бразил одлучи да се врати дома.

ПретходноПилотот со 8 Гран при победи во Ф1 оди во пензија
СледноИсник Алими: За нас најважни се трите бода против Лихтенштајн