Прекин на натпревар во Танзанија поради напад од пчели!? (ВИДЕО)

168

Необична и несекојдневна ситуација доаѓа од шампионатот на Танзанија, каде што мечот помеѓу екипите на Сити ФК Абуџа и ЏК У ФК. При крајот на дуелот, на стадионот во градот Абуџа се појави несекојдневно голем број на пчели па настана паника. Веднаш на сите актери на мечот им беше наложено да легнат на земја, и со тоа да се заштитат од евентуален убод.

Играчите и судиите легнаа на тревата, резервните играчи и тренерите се испружија покрај аут-линијата, па дури и снимателите легнаа под стативите за камери.

За среќа овој „напад“ од страна на ројот инсекти мина без повредени.

 

ПретходноМато ја води Уганда кон Мундијалот (ВИДЕО)
СледноЧудото стана реалност: Бенасер претставен во дресот на Динамо