УС Опен: Карлито му покажа на Ноле кој е кој во моментов и се пласираше во финалето!

107
ФОТО: US Open/FB

Карлос Алкараз е првиот финалист на на УС Опен откако успеа да слави во првото полуфинале против Новак Ѓоковиќ со 3:0 во сетови. Се очекуваше спектакл, но сепак не видовме такво нешто, освен во вториот сет. Карлито и дефинитивно покажа дека младоста “царува“ во последно време, му покажа на најдобриот на сите времиња кој е кој во моментов и успеа да се пласира во големото финале.

Ова значи дека Србинот ќе почека на својата 25-та гренслем титула во кариерата.

Првиот сет Карлито го доби со 6:4 во гемови. Шансата за Новак беше во вториот сет, кога имаше водство од 3:0 во гемови, но сепак Карлито и овој сет го доби во тајбрејкот.

И кога веќе беше 2:0 за Шпанецот, очекувано Новак се откажа од голема борба во третиот, беше 6:2 во гемови за Карлито за конечни 3:0.

Во финалето Карлос Алкараз ќе игра против подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Јаник Синер и Феликс Оже-Алијасим.

ПретходноЛуис Енрике паднал од велосипед и ја скршил клучната коска