Таеквондистот Василески освои злато на Г1 турнирот во Ст. Гален, Тунески се враќа со сребро

44
фото: Македонска Tаеквондо Федерација

Еден од најперспективните македонски таеквониски, репрезентативецот Андреј Василевски (јуниор -63кг) член на Таеквондо Клуб Бутел, денеска направи исклучително голем спортски успех на официјален Г1 Турнир во Сент Гален, Швајцарија. Тој го освои златниот медал во своја категорија, откако во финалето со 2:0 го совлада швајцарецот Ноур Бурхама.

Претходно на патот до мечот за злато, василевски со 2:1 го совлада украинецот бовсуновски, додека во полуфиналето со 2:0 беше подобар од Шпанецот Давид Тако.

Под водство на помошник селекторот Стефан Костовски, Василевски покажува дека е новата олимписка надеж на Македонија.

Со извонреден настап и сребрен медал од Швајцарија се враќа и Ведрана Тунески (кадето -48кг), член на Таеквондо Клуб Бутел. Во Сент Гален таа денеска загуби во финалето од це Уе Чан од Хонг Конг, откако претходно ги победи Судова од Чешка и Бахадир од Турција.

ПретходноРубен Аморим ги шокирал сите во Манчестер Јунајтед!
СледноРепрезентативците го одработија последниот тренинг пред Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)