Алкалоид крунисан во првак на ЕХФ Европскиот Куп (ФОТО+ВИДЕО)

98

Алкалоид и официјално е крунисан за првак на ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци пред реванш дуелот со Хановер во рамките на квалификациското коло за пласман во Европската лига го подигнаа пехарот, кој го освоија на крајот на минатата сезона.

Алкалоид е првиот македонски тим кој успеал да го освои ова натпреварување, тежината на пехарот е уште поголема бидејќи до истиот дојде со македонски играчи и само двајца странци, кои немаа важна улога.

Кирил Лазаров и неговите момци имаа одлична евро-сезона, до пехарот дојдоа до десет победи, едно реми и еден пораз.

ПретходноРепрезентативците го одработија последниот тренинг пред Лихтенштајн (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноБутел Скопје е на чекор до второто коло во ЕХФ Европскиот Куп