Алкалоид се одјави од европската сцена (ФОТО)

129

Алкалоид со пораз се збогува со европската сцена, откако на домашен терен беше минимално поразен од Хановер со 28-29 во рамките на реванш мечот во квалификациското коло за пласман во ЕХФ Европскиот Куп. И овој пат македонскиот тим имаше проблем со реализација на удари од седум метри, но покажа карактер, неискуството го спречи да дојде до добар резултат.

Галевски имаше 13 одбрани, Борзаш 8 гола, додека Тордарсон 7.

Македонскиот тим одигра поинаков меч од Германија. Избраниците на Кирил Лазаров имаа и добри лоши моменти во првото полувреме. Беа рамноправни до 10-тата минута кога противникот ги казни нивните грешки. Алкалоид имаше повторно два промашени седмерци и нереализирани шутеви од чисти ситуации. Сето ова беше доволно за да бубдес-лигашот со серија од 6-0 да поведе со 6-12. Сепак оваа слика се смени за брзо. Галевски влезе во ритам, а неговите соиграчи вратија со серија од 7-1 за 13-13. На одморот беше 14-14.

Првите минути од второто полувреме не беа најдобри за македонскиот тим, Хановер со 3-0 поведе со 14-17. Лазаров повика тајм-аут, а неговите момци веднаш одговорија. Со цврста одбрана и атрактивни голови, Алкалоид во 39-та минута поведе со 19-17.

Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп во 42-та минута имаше шанса да поведе со плус три, Серафимов не реализираше од седум метри, а на другата страна Хановер казни и израмни на 20-20. Од овој момент се играше изедначено, со тоа што двата тима ги менуваа улогите кога станува збор за минималната позитива. Алкалоид и на овој меч имаше проблем со реализација на ударите од седум метри, при 27-28 во 57-та минута Дамјан Митев беше непрецизен, на другата страна следеше казна, Хановер дојде на плус два (27-29).

На минута и пол до крајот при 28-29 Хановер остана со играч помалку. Бирлем и овој пат беше во форма, спречи Алкалоид да израмни. На крајот мечот заврши со минимален пораз.

Пред почетокот на мечот, Алкалоид го доби пехарот кој го освои во ЕХФ Европскиот Куп минатата сезона.

Алкалоид сега целосно се насочува кон домашниот шампионат, а таму го чека дуел со ГРК Охрид на домашен терен.

ПретходноПријателски меч: МЗТ Скопје А. со победа над Бора во Приштина
СледноЗаедно имаат 107 години: Тајсон и Мејведер договорија егзибициски меч!