Барди: Националниот дрес на Македонија секогаш е мотив за нас

81

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди на официјалната опрес конференција која што се одржа предмалку го најави утршниот дуел од Мундијалските квалификации, на домашен терен против Лихтенштајн кој стартува од 18:00 часот.

Ние имаме императив на победа, тоа е и повеќе од јасно, но нашиот капитен смета дека тоа е само еден мотив плус. Да се одигра против аутсајдерот на максимум и да се стигне до тие три бода што ќе значат повторно прво место за нас во групата.

„Мислам дека ќе биде тежок меч. Не беше лесно ниту во Лихтенштајн додека го постигнеме тој прв гол. Треба да поправиме секако некои моменти, секогаш може и треба подобро. Подготвени сме овој прозорец квалификациски да го затвориме со победа, три бода и прво место. Дали е полесно да се игра меч против Лихтенштајн дома или пак против Белгија на гости? Тоа се два различни меча, по сите карактеристики и параметри. Едно знам. Дека кога се игра за Македонија не треба да имаме дополнителен мотив. Националниот дрес е мотив сам по себе. Притисок немаме, затоа што сме мотивирани максимално. Одиме да одравотиме меч кој што ќе ни донесе среќа, бодови и прво место“ – изјави капитенот Енис Барди.

 

ПретходноМилевски: Се додека сум јас селектор, ниту еден тим нема да биде потценет
СледноВМФЛ: “Пиратите“ имаа и 2:0, ама во финишот испуштија победа, Беласица броеше до седум кај Г. Коњари