Бутел Скопје е на чекор до пласман во второто коло во ЕХФ Европскиот Куп. Македонскиот тим успеа да дојде до победа на првиот меч, откако на гостински терен кај Дуделанж славеше со 27-31 (13-17).
Филип Николов и Тодор Узунчев со по седум погодоци беа први стрелци во редовите на македонскиот тим.
Во воведните минути се играше изедначено, по што македонскиот тим со серија од 5-0 успеа да поведе со 5-10. Најголемата предност која ја имаше во овој период беше шест гола разлика (7-13 и 8-14). На одморот резултатот беше 13-17.
После одморот противникот успеа да дојде до еден гол разлика, но Бутел Скопје успеа да се издигна кога најмногу беше потребно и ја одржувааше позитивата која беше потребна за да дојде до победа. Бутел Скопје имаше и седум гола разлика (24-31) пред самиот крај, но противникот со серија од 3-0 ги постави конечниѕе 27-31.
Реваншот се игра на 13-ти септември во Скопје.