Макс Верстапен, актуелен шампион на Формула 1 и возач на Ред Бул, беше најбрз во квалификациите за трката во Монца. Холанѓанецот ја освои пол-позицијата со време од 1.18.792. Зад него беа двајца возачи на Мекларен, Ландо Норис на второто место и Оскар Пјастри на третото место. Четвртата и петтата позиција ги зазедоа адутите на домашната публика, односно дуото на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон. Во првите десет се најдоа и Џорџ Расел, Кими Антонели, Габриел Бортолето, Фернандо Алонсо и Јуки Цунода.
Трката на култнпата патека во Монца е утре од 15 часот.