ВМФЛ: “Пиратите“ имаа и 2:0, ама во финишот испуштија победа, Беласица броеше до седум кај Г. Коњари

731

Попладнево се одиграа седум меча од 3.коло во ВМФЛ. Секако дека најинтересно беше на Автокоманда каде Скопје и Шкендија Арачиново одиграа борбени 2:2. Треба да се каже дека “Пиратите“ имаа 2:0, а во 90+1.минута од овој меч и 2:1, но гостоите постигнаа гол па така ова дерби заврши без победник.

Беласица на гости кај Г. Коњари славеше со неверојатни 1:7. Струмичани ако искористија барем дел од шансите ќе забележаа и поубедлива победа.

Детонит на свој терен ја победи Слога (В) со 1:0 и освои екстра значајни три бода.

Изненадувачки, Преспа со 5:0 просто ја декласира Победа, клуб кој некогаш “дрмаше“ со мак – фудбалот.

Охрид успеа со 2:0 да го победи Осогово, а Новаци со 3:2 беше подобар од Вардар (Н). Кожуф како гостин славеше со 1:3 кај Саса.

РЕЗУЛТАТИ – 3.КОЛО

Скопје – Шкендија 2:2

Охрид – Осогово 2:0

Преспа – Победа 5:0

Новаци – Вардар (Н) 3:2

Саса – Кожуф 1:3

Г.Коњари – Беласица 1:7

Детонит – Слога (В) 1:0

ПОНЕДЕЛНИК, 16 Ч

Брегалница – Тетекс

ПретходноБарди: Националниот дрес на Македонија секогаш е мотив за нас
СледноРубен Аморим ги шокирал сите во Манчестер Јунајтед!