Во Рига стартува битката за четвртфинале: Можни ли се изненадувања?

118
Фото: ФИБА

Возбудата на ФИБА Евробаскет 2025 се засилува овој викенд со почетокот на завршната фаза. Во конкуренција остануваат 16 репрезентации од вкупно 24 што ја започнаа оваа авантура, а осминафиналето започнува во Рига. Денеска играат првите четири натпревари, а во недела следуваат уште четири.

  • (11 часот) Непоразена Турција влегува како голем фаворит против Шведска

-Турција ги доби сите пет натпревари на ФИБА Евробаскет 2025 – нивна втора најдолга победничка серија по седум последователни триумфи во 1957 година.

– Шведска за првпат во историјата игра во осминафиналето на Евробаскет, но има тежок предизвик, бидејќи ги загуби последните три дуели против Турција.

  • (14:15 часот) Големиот „лош“ германски волк ја прекинува бајката на Португалија

-Германија исто така е непоразена, со пет убедливи победи во групната фаза. Светските шампиони се стремат да ја додадат и европската титула во својата колекција и досега изгледаат ненадминливи, водејќи по број на поени по меч. Како ќе се справи Португалија со тоа? Не знаеме, но сигурно е дека Португалија е комотна во улогата на аутсајдер, од која и стигна до осминафиналето со две победи.

  • (17:30 часот) Балтички класик во Рига – Литванија против Летонија

-Литванија има славено на четири од петте досегашни натпревари против Летонија на Евробаскет. Сепак, единствениот пораз дојде токму во нивниот последен елиминациски дуел во 2021 година.

-Литванија е најдобриот тим по скокови на Евробаскет 2025 со просек од 41.8 по меч, додека Латвија е претпоследна меѓу селекциите што сè уште се во игра со 34.2.

  • (20:45 часот) Потрагата на Србија по тронот минува низ Финска

-Србија не очекуваше дека ќе се најде во овој дел од костурот, но тесниот пораз од Турција ги спушти на второто место во Групата А. Сега мораат да минат низ Финска и расположениот Лаури Марканен, кој е веднаш зад Лука Дончиќ по вкупен број на поени на турнирот и сака да продолжи во ист стил. Сепак, Србија и Никола Јокиќ се во потрага по титулата и подготвени се да минат преку секого – дури и без капитенот Богдан Богдановиќ.

-Србија ги има добиено последните два натпревари против Финска на Евробаскет, вклучувајќи ја и осминафиналната пресметка во 2015 година, која заврши со 94-81.

ПретходноСуарез доби убава суспензија за плукањето на помошниот тренер
СледноВМФЛ: Дерби на Автокоманда -“Пиратите“ ја дочекуваат Шкендија (А)