Германија – Португалија 85:58 во второто осминафинале на ЕП 2025. Некој ќе рече ништо необично, но ако се знае дека Портуалија водеше во голем дел од првите три четвртини, тогаш секако дека е изнеадувањ вака високата победа на големиот фаворит кој се мачеше долго време, но кога се решаваше победникот, во таа последна четвртина успеа да набилда разлика од 33:7 и со тоа да стави до знаење дека нема да има сензација.
Иако не им одеше, шутот за три поени им беше катастрофа, но немаше никаква нервоза кај Германците. И кога дојде време, кога дојде шутот тогаш и самите Португалци беа свесни дека им нема спас , дека нема ништо од сензација, па така и тие како да се предадоа некаде на половина од последниот период од овој натпревар.
Па така Германија се пласираше во 1/4 финалето каде за ривал ќе го има победничкиот тим од дуелот Словенија – Италија.