Фудбалските репрезентации на Англија и Португалија обезбедија очекувани победи на денешните попладневни квалификациски дуели за СП 2026. Англија ја победи Андора со 2-0 во Бирмингем во четвртиот натпревар од квалификациската група К за Светското првенство во 2026 година, додека Португалија со победа од 5:0 се враќа од гостувањето кај Ерменија.
На Англичаните им беа потребни 66 минути за да постигнат гол, иако поведоа во 25-тата минута по несреќниот автогол на Гарсија, по удар на Мадуеке. Дури во 66-тата минута Деклан Рајс го искористи одличниот центаршут на Џејмс за да шутира со глава и за ги постави конечните 2:0.
Во Eреван Португалија се прошета до трите бода. Португалците ја завршија целата работа во првите половина час, кога Жоао Феликс, Роналдо и Кансело погодија за 0:3. Второто полувреме го отвори магијата на Кристијано Роналдо, кој го постигна својот неверојатен 140-ти гол во својот 220-ти настап за својата репрезентација со проектил од повеќе од 20 метри. Конечниот резултат го постави Жоао Феликс со својот втор гол во 62-та минута од натпреварот.