Лина го освои турнирот во Романија!

82
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Браво за нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа која дојде до втората титула на турнирите во оваа 2025 година.

Имено македонската тенисерка денеска во финалето на турнирот во Слобозија (Романија) беше подобра од домашната тенисерка Бертеа со 2:1 во сетови.

Првиот сет го доби Бертеа со 3:6, потоа следуваше одличен настап на Лина со што ги доби вториот и третиот сет со 6:3 и 6:4 за победа во финалето и за освојување на турнирот.

ПретходноВерстапен најбрз во квалификациите во Монца!
СледноМилевски: Се додека сум јас селектор, ниту еден тим нема да биде потценет