Милевски: Се додека сум јас селектор, ниту еден тим нема да биде потценет

107

Македонската фудбалска репрезентација утре ги продолжува Мундијалските квалификации со дуелот против Лихтенштајн на домашен терен, на Арената Тодор Проески во Скопје со почеток од 18:00 часот.

Нашиот национален тим беше слободен што се вели во првиот термин од овој септемвриски квалификациски прозорец, па одигра пријателски дуел против Саудиска Арабија во Прага. Тој меч Македонија го загуби, но она вистинското секако следува утре. „Рисовите“ се со осум бода по четири дуели, имаат одлична шанса за историски успех во оваа кампања, па очекувањата секако се големи.

Лихтенштајн не е противник кој што треба да претставува опасност но далеку од тоа дека Македонија треба утрешниот меч да го сватиме како лесен. Напротив, имаме императив на победа пред себе, што самото по себе го прави овој меч тежок за играње.

„Секако дека според ранкингот Македонија е фаворит, но од друга страна ние имаме максимален респект за Лихтенштајн како противник. Во денешниот фудбал има фаворити само на хартија, а тоа ние ќе го докажеме и на терен. Императивот на трите бода е тука, и ќе направиме се тоа и да го оствариме утре“ – изјави селекторот Милевски па додаде.

Муслиу секако не е во комбинација, останатите во строј

„Од претходно се знае дека Висар Муслиу не е во комбинација поради жолти картони. Останатите се во строј и добро е што е така. Се надевам дека оваа ситуација нема да се промени по вечерашниот тренинг. Растодер полека се вклопува во тимот, сите сме среќни што е тука и што го надополнува со својот квалитет овој тим“ – додава селектор па поентира.

„Се додека сум ја селектор нема да потценам ниту еден противник. А особено не Лихтенштајн кој покажа дека има свој стил на игра, знае што сака на терен. Ние се подготвуваме максимално. И мечот против Саудиска Арабија беше подготовка за овој меч“ – рече нашиот селектор.

 

ПретходноЛина го освои турнирот во Романија!
СледноБарди: Националниот дрес на Македонија секогаш е мотив за нас