Официјално: Струга ТЛ и Ќосевски се разделија! (ФОТО)

177

И дефинитивно и официјално. Ведран Ќосевски не е веќе голман на Струга Трим Лум. Предмалку раководството на стружани и официјално преку своите социјални мрежи информираше дека тој веќе не е нивни член и дека му заблагодарува на се она што Ќосевски придонесе за успесите на клубот, како на домашна сцена, две титули и успешни резултати во Европа.

Па така сега се чини дека нема никакви пречки најавениот трансфер на Ведран Ќосевски во Вардар и официјално да се реализира во последниот ден од летниот преоден рок во Македонија.

ПретходноУ-19: Македонија повторно ја победи БиХ!
СледноАндоновски: Со трпелив напад и цврста одбрана можеме до бодови против Тиквеш