Првиот шампионски европски дрес гордо стои во Автокоманда (ФОТО)

91

Екипата на Алкалоид пред реванш дуелот со Хановер го доби пехарот, кој лани го освои во ЕХФ Европскиот Куп. Ова прв европски трофеј за младиот македонски тим, кој беше вистинска сензација, со млади македонски играчи и само двајца странци, успеа да испише убава приказна.

Во салата Автокоманда веќе свое место си има и шампионскиот европски дрес со кој Алкалоид успеа да испише нова историја, не само клупска, туку и историја во македонскиот ракомет, бидејќи прв тим од нашата земја кој го освоил ова натпреварување.

А дека Алкалоид дефинитивно има што да покаже говори и првото полувреме против Хановер, момците на Лазаров покажаа карактер. Иако има негатива од шест гола (6-12), со серија од 8-1 изедначија на 14-14 на одморот.

ПретходноКвалификации за СП 2026: Англија и Португалија со очекувани победи (ВИДЕО)
СледноПријателски меч: Алпарслан дебитираше со реми на клупата на Работнички