Пријателски меч: МЗТ Скопје А. со победа над Бора во Приштина

39

Кошаркарите на МЗТ Скопје А. почнаа со победа на првиот пријателски меч во очекување на новата сезона. Денеска аеродоромци одиграа тест-натпревар со екипата на Бора во приштина и славеа со 82:79 (20-18, 17-21, 22-19, 23-21).

Најефикасен на мечот беше Чарлс „Ел-Џи“ Гил со 31 поен и 8 скока, а го следеа Елајџа Мекејден со 18 поени, Андреј Магдевски со 11 поени, 5 скока и 4 асистенции и Дамјан Стојановски со 10 поени.

МЗТ Скопје А. на овој натпревар настапи без Андреј Маслинко поради помала повреда. Следниот котролен меч за „металците“ е идната сабота против Гостивар.

ПретходноПролет, Е. Пелистер 2 и Куманово тргнаа победнички во новата сезона
СледноАлкалоид се одјави од европската сцена (ФОТО)