Пролет, Е. Пелистер 2 и Куманово тргнаа победнички во новата сезона

37
фото: rkprolet.mk

Екипата на Пролет со победа над Тиквеш од 22:19 ја отвори новата сезона во Суперлигата. Скопјани покажаа подобар ракомет во поголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено стигнаа до посакуваните бодови.

Стоилевски со седум гола беше најдобар во редовите на Пролет, додека кај екипата на Тиквеш, Коцев запиша 5 гола.

Ракометарите на вториот тим на Пелистер, беа подобри од прилеп на гостински терен, совладувајќи го со 32-29. Ова е втора победа на младите битолчани над прилепскиот прволигаш, откако летово ги победија и во финалето на турнирот „Миле Нешкоски. Најефикасен кај победничкиот тим беше Митревски со 10 гола, колку што постигна и Димитар Димитроски за Прилеп.

Во тесна борба до самиот крај, екипата на Куманово славеше над Радовиш со 34:32. Ова беше и прва победа на новиот тренер на Куманово, Аце Станковски, откако ова лето го презеде суперлигашот.

ПретходноПријателски меч: Алпарслан дебитираше со реми на клупата на Работнички
СледноПријателски меч: МЗТ Скопје А. со победа над Бора во Приштина